Хоџа: Парламентарното мнозинство е стабилно, не е време за предвремени избори


Аријанит Хоџа (Фото: Б. Грданоски)

Аријанит Хоџа од партијата БЕСА, како и другите коалициони партнери на СДСМ, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата изјави дека сите ја потврдиле поддршката на парламентарното мнозинство и не се согласуваат со одржување предвремени парламентарни избори. 

-Покажавме дека мнозинството е стабилно и дека треба да продолжи. Сметаме  дека процесите што би воделе до избори би биле тешки за економската и друга состојба во државата. Коалицијата има мандат од пред една година и легитимитетот од последните парламентарни избори е доволен да се продолжи и да се оствари тоа што сме го презеле како одговорност. Се наоѓаме во многу деликатен момент и потребно е да продолжи мнозинството, рече Хоџа. 

Околу понудената оставка на Заев тој рече како коалициони партнери нормално не се согласуваат со неа, но тоа е личен чин и став на премиерот и тој ќе одлучи на крајот, не можат тие.