Хајко Мас бара да се укине правото на вето во ЕУ


 
 

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас а побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки.

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, ја пренесе „Дојче Веле“ изјавата на Мас, кој ги обвини оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа.

 Иако Мас не именуваше ниту една земја, најверојатно е испровоциран од Унгарија, која блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ за прашања од надворешната и безбедносната политика.