Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз


Париз– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз.

Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2.

Противник на Србинот во третото коло на Мастерс 1000 турнирот ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспур.

Наградниот фонд на престижниот турнир во француската престолнина изнесува 5,8 милиони евра