Германски политичар под истрага за катастрофалните поплави


По разорните поплави во покраината Рајнска област-Фалц, обвинителството го истражува управителот на округот Арвилер, Јирген Фелер.

Според обвинителството од Кобленц, тој се товари за убиство од небрежност и телесни повреди од немарност.

Велат дека на време не ги алармирал жителите, ниту организирал евакуација

Фелер се сомничи дека не време не ги алармирал жителите на опасноста од поплавите, ниту навремено организирал евакуација. Обвинителството се сомнева дека тоа (делумно) е причина за некои смртни случаи.

Освен администераторот на округот Арвилер, истрагата е насочена и против уште еден член на кризниот тим, кој, според обвинителството, барем привремено го презел управувањето со операцијата. Во текот на истрагата обезбедени се документи и податоци на кризниот тим на округот, како и личните комуникациски средства на двајцата осомничени.

Јирген Фелер е политичар, член на конзервативната партија ЦДУ, и од 2000 година е биран за шеф на округот Арвилер.

За потсетување, само во таа покраина во германија од последиците од катастрофалните поплави загинаа 141 лице, а 766 беа повредени.