Германски министер одбива Берлин да биде домаќин на ОИ во 2036 година поради Хитлер


Организација на Олимписките игри во 2036 година во Германија – еден век по Летните игри во 1936 година под нацистите – би било „незамисливо”. Тоа го изјави германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Ќе ослободиме неискажана меѓународна дискусија и на тој начин ќе и наштетиме на олимписката идеја“, смета Зехофер. „Како тоа ќе се види во светот? Германците слават 100-та годишнина од нацистичките олимписки игри?”
„Тоа не може да се случи”, рече тој.

Нацистичкиот режим под Адолф Хитлер беше домаќин на Игрите во 1936 година во Берлин.

По неуспехот на Хамбург да органзиира ЛОИ во 2024 година, германската конфедерација за олимписки спортови даде нов предлог за организирање ОИ.

Андреас Гејсел, министерот за внатрешни работи и спорт за градот-држава Берлин, повика на уште еден обид за организирање на ОИ од германската престолнина во 2036 година.

Гејсел ја смета загриженоста на Зехофер за „апсурдна”.

„Напротив: Оваа прилика може да се искористи за да и се покаже на спортската сцена дека Германија ја научила својата лекција од историјата”, рече тој во изјава за ДПА.
„Сто години по 1936 година, станува збор за сосема друга држава: демократска, либерална и отворена земја”, рече Геисел.