Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против Ковид-19


Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против корона вирус и тоа заедно со „CureVac“, чија вакцина во мометот се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, соопшти денесак компанијата.

„Во нашиот погон во Вупертал треба да започнеме со производство навакцините на компанијата „CureVac“. Испораката на првите дози се очекува кон крајот на годината“, рече членот на управата на „Бајер“, Стефан Олрич.

Вакцината на „CureVac“, од германски Тибинген, во моментов се наоѓа во третата фаза од испитувањата, а издавањето употребна дозвола се очекува во следните неколку месеци.

300 милиони дози до крајот на годината

Директорот на компанијата „CureVac“ Франц Вернер Хас, рече дека неговата фирма прегу мрежата на производители ќе обезбеди производство на 300 милиони дози до крајот на оваа година. Само „Баер“ би произвел околу 160 милиони.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја поздрави најавата за соработка меѓу двете фирми и најави склопување договор за откуп на оваа вакцина.

Шоан рече дека и по летото и предвиденото вакцинирање во Германија ќе бидат потребни дополнителни количини вакцини против корона вирус поради потребата од освежување на вакцините, но и поради можните мутации на корона вирусот.

Најголем проблем е испораката на помалку количини вакцини од нарачаното

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните држави ќе се состанат денеска со претставници на производителите на вакцини за да ги надминат проблемите во почетокот на вакцинацијата во Германија.

Во моментот, најголем проблем е испораката на помаото количество вакцини од нарачаното.

„Баер“ е најновиот производител кој најави дека се вклучува во производтво на вакцината за да се намалат недостатоците од вакцини против Ковид-19, откако минатата денела фармацевтските компании „Новартис“ и „Санофи“ најавија дека ќе му помогнат на „Фајзер“ во производство на вакцините.