Германија стравува од трет бран коронавирус, остануваат рестрикциите


Без оглед што локдаунот предизвика стагнација на корона-бројките, мутациите предизвикуваат страв од нов бран на пандемијата. Министерот Шпан пледира за запазување на донесените анти-корона мерки

Со оглед на само малото намалување на корона-бројките, германскиот министер за здравство Јенс Шпан и претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер на денешната прес конференција во Берлин апелираа на стриктно задржување на рестрикциите.

„Варирањето кај новите инфекции предупредува на претпазливост“, истакна министерот Шпан, а Вилер во однос на брзото ширење на многу позаразните варијанти на вирусот предупреди: „Можно е повторно да се наоѓаме пред пресвртница“.

Според Институтот Роберт Кох, уделот на мутанти кај позитивно регистрираните случаи изнесува веќе 23 проценти.

Линк до целиоте текст на Дојче Веле тука