Генералниот секретар на НАТО повика на „квантен скок“ во инвестициите за европската одбрана

Вашингтон – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера ги повика европските членки и Канада да направат „квантен скок“ во зголемувањето на нивните придонеси во алијансата.
Руте, кој во Вашингтон разговараше со највисоките американски претставници, во годишниот извештај објавен вчера напиша дека во 2024 година членките на Алијансата и Канада инвестирале 19,4 проценти повеќе во одбраната отколку претходната година, но дека тие напори мора да се забрзаат во 2025 година.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред неколку месеци побара членките на НАТО да издвојуваат пет проценти од својот БДП за одбраната, што ниту една од нив, вклучително и САД, во моментов не го прави.
„Европските сојузници и Канада мора да направат квантен скок кога станува збор за придонесите и можностите што ги применуваат. За да се постигне тоа, ќе биде клучно да се инвестира значително повеќе“, напиша Руте во извештајот.
САД во 2024 година беа одговорни за 64 проценти од трошоците за одбраната на Алијансата, а европските членки и Канада за 36 проценти, покажуваат податоците во извештајот на Руте, во кој, исто така, се наведува дека минатата година 22 од 32-те членки ја исполниле целта да трошат најмалку два проценти од БДП за одбраната.с