Гази Баба со најмногу заболени од Ковид-19 во Скопје
Во Скопје, во моментов има речиси 10.000 заболени од Ковид – 19. Со најновите податоци, во главниот град денеска се регистрирани 627 новозаболени, со што бројот на активни случаи се искачи на 9.059.
Гази Баба по подолго време, го презеде приматот од Општина Аеродром, како скопска општина со најмногу заболнеи во моментот.
Имано, од активните случаи во Скопје најмногу се во Општина Гази Баба 1.323, по што следат Аеродром со 1.318, Карпош со 1.160, Кисела Вода со 1.109, Центар со 1.105.
Во Ѓорче Петров има 742 активни случаи, во Чаир 565, Бутел 477, Илинден 226, Шуто Оризари 153, Сарај 129, Чучер Сандево 101, Сопиште 61, Зелениково 60, Студеничани 41.
МОменталнос е заболени и 160 странци во Скопје, а 184 нераспределени.