(Галерија) Сите лица на Христијан Пендиков
Нарко дилер, Бугарин, македонски патриот, волонтер, жртва или политички профитер?
Ова се сите лица на Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец кој веќе на 23 години има колоритна биографија и заврши со три скршеници на вилицата во бугарска болница.
Според она што го објавил самиот, тој бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, активно учествувал во одбрана на името на Македонија на најагресивните протести во земјата, застанал во одбрана на извршителите на нападот на Собранието на 27 април, го постирал Гоце Делчев со изјавата дека во „Македонија се говори и се пишува на македонски јазик“, порачувал во постови дека „Македонија е пред сѐ и над сѐ“, дека „Македонија е сѐ што имаме, друга татковина немаме“ и завршил како деклариран етнички Бугарин. Бил и општествено одговорен и дури бил прогласен за волонтер на месецот на Црвен крст.
Фотографиите подолу сепак говорат повеќе за него од кој било текст.