(Галерија) Протестите во САД беа мирни и огромни

Десетици илјади демонстранти се собраа во Вашингтон и другите градови во саботата, со цел да се стави крај на расизмот и бруталноста од страна на полицијата, откако протестите избувнаа по фаталната средба на Џорџ Флојд со полицијата во Минеаполис.
Собирот пред Меморијалниот центар „Линколн“ меморијал и маршот кон Белата куќа го одбележаа најголемото излевање на протестите низ целата земја, откако се појавија видео снимките на кои се прикажува Флојд, невооружен црнец со лисици на рацете, легнат со лицето надолу и се бори да дише додека бел полицаец му клечи на вратот.
Демонстрантите се собраа во саботата во бројни урбани центри – меѓу нив Њјорк, Атланта, Филаделфија, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Бостон и Мајами – како и во мали, рурални заедници низ целата земја.
Со исклучок на Сиетл, каде полицијата употреби светлосни гранати во судирот со демонстрантите, протестите во саботата во целина имаа опуштен тон (како што можете да видите на галеријата од демонстрациите во Вашингтон) во споредба со оние во последните денови. (Ројтерс)









