Франсоа Фијон ќе влезе во борд на руска нафтена компанија


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон е номиниран за член на бордот на директори на руската државна нафтена компанија Зарубежнефт. Ова е јасно од наредбата на руската влада, потпишана од премиерот Михаил Мишустин и дистрибуирана синоќа, објави АФП.

Премиерот на Франција од 2007 до 2012 година, Фијон на тој начин ќе се рангира меѓу „претставниците на Руската Федерација“ во управувањето со компанијата, која се занимава со развој и работење на наоѓалиштата на гориво, особено во странство.

Осуден во 2020 година на пет години затвор во врска со афера со лажни назначувања на работни позиции која ја спречи неговата претседателска кампања во 2017 година, Фијон може да се приклучи на руската компанија само како претседател на „Аперас Сарл“, консултантска фирма што тој ја основа и која веќе работи со француски компании кои работат во Русија.

Одобрувањето на Зарубежнефт се чини дека е само формалност. Други поранешни високи функционери од други земји веќе се вклучени во управувањето со руските нафтени компании, потсетува агенцијата.