Французин (18) лижнал сламка и ја вратил во апаратот за сок во Сингапур. Се соочува со затворска казна


Француски тинејџер кој наводно лижнал сламка од машина за сок од портокал и ја вратил во апаратот е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир во Сингапур.

Дидје Гаспар Овен Максимилијан (18) објавил видео од себе како го изведува чинот на Инстаграм, според локалните извештаи. Видеото подоцна стана вирално.

Компанијата што ја поседува машината, iJooz, изјави дека ги заменила сите 500 сламки во апаратот по наводниот инцидент.

Тој се соочува и со затворска казна.
Доколку биде осуден по двете обвиненија, Максимилијан се соочува со максимална затворска казна од повеќе од две години и парична казна од илјадници долари.

Наводниот инцидент се случил на 12 март во трговски центар во Сингапур.

Максимилијан го објавил своето видео како приказна на Инстаграм со натпис „градот не е безбеден“, според извештаите на медиумите.

Многумина онлајн реагираа со згрозување на неговото видео, кое беше повторно објавено како објава и преземено од локалните медиуми.