Француски компании ќе произведуваат дронови во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро со кого разговараа за продолжување на одбранбената поддршка за Украина, противвоздушната одбрана и обуката на украинските војници.
– Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство на дронови во Украина е особено значајна, напиша Зеленски во објава на X.
За време на разговорот, исто така, станало збор за санкциите против Русија и напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската унија, додаде тој.
– Ѝ благодарам на Франција, на претседателот Макрон и лично на господинот Баро за поддршката што ни ја даваат од првите денови на војната. Ви благодарам за солидарноста со нашиот народ, порача Зеленски.