Франција, од недела, ги затвoра границите за патувања надвор од ЕУ


 

Француската влада цела седмица расправаше дали поради растот на новозаразени со корона вирусот ќе воведе ново затворање.

По денешниот состанок на Советот за одбрана, кој го има последниот збор во врска со ограничувањата во Франција, премиерот Жан Кастекс, рече дека за сега нема да има нов локдаун.

Но, властите деонесоа некои други органичувања, вклучително и построги мерки на границата и затоврање на големите трговски центри, пишува The Local.fr.

Новите мерки

Премиерот ги најави овие дополнителни мерки:

– забрана на сите патувања во Франција и надвор од неа, од или во земјите надвор од ЕУ, а забраната стапува на сила во недела

– сите патници од ЕУ при доаѓањето во франција мора да покажат негативен тест на Ковид-19 (порано ова правило се однесуваше само на патувања по возхух или море)

– од недела се затвораат сите непрехранбени трговски центри поголеми од 20.000 метри квадратни.

Полицијата ќе ги зајкне проверките на почитување на полицискиот час и ќе работи на сузбивање на илегални забави и отворање на ресторани.