Франција: Демонстрантите се судрија со полицијата за новиот закон за безбедност


 

Во повеќе француски градови денеска се одржаа нови протести поради усвојувањето на новиот закон за сигурност со кој се забранува снимање на полициски службеници и поставување видеоснимки на полицајци на социјалните мрежи.

Според официјалните извештаи, повеќе од 3.000 граѓани излегоа на протести во Монпеље додека во Париз незадоволните граѓани во голем број излегоа на Плоштадот на Републиката.

Французите веќе неколку месеци протестираат против донесувањето на новиот закон за бебзедност со кој би се забранило да се снимаат полициските активности.

Многумина овој закон, за чие донесување се залага францускиот претседател Емануел Макрон, го протолкуваа како удар врз демократијата и слободата на поединецот и порачаа дека Макрон со овој потег им се придружи на десничарските политики во Франција.

Властите во Франција порачаа дека донесувањето на овој закон е неопходно поради се почестите напади врз полициските службеници и повикот на насилство што се шират по социјалните мрежи.

Преложениот закон е одобрен во Националното собрание, а во март 2021 година треба да се одржи седница на Сентот кој ќе ја донесе конечната одлука за усвојување.

На незадоволните граѓани на денешните протести им се придружија и активистите на антивладиното движење „Жолти елеци“ како и могу други граѓани кои изнесоа барања кои се однесуваат на ублажување на рестриктивните епидемиолошки мерки кои француските власти ги донесоа во последните неколку седмици.