(Фото/Видео) Ги преплавија парковите, иако се заканува трет бран епидемија

Голем број луѓе ги наполнија излетничките места во големите градови во Кина во текот на викендот, покрај предупредувањата на стручњаците дека постои ризик од пандемијата која не е при крај.
Сликите од планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи се доказ дека илјадници граѓани со маски на лицето заминаа на отворено, по повеќемесечното ограничување на патувањето и строгите мерки за изолација.

Метежот во паркот во саботата бил толку голем што во 7.48 часот утрото е издадено предупредување дека е достигнат максимумот од 20.000 посетители и дека нема да се примаат нови дента.
Многу градски ресторани кои беа затворени до пред само некој ден, имаа доста потрошувачи, а главно требаше резервација за место, пишува Си-ен-ен.
Ситуацијата е слична и во Пекинг, каде жителите потрчаа во градските паркови. Наглото враќање во нормалните текови на животот доаѓа по три месеци откако корона вирусот за прв пат беше откриен во кинескиот град Вухан.
Без оглед на се, вирусот не е при крај
На својот врв, во кина секојдневно имаше илјадници нови случаи. Но, последните недели стапката на зараза е значително помала. Кина во понеделникот пријави само 39 нови случаи, а сите дошле од странство.
Но, додека владата ги ублажува мерките, кинеските здравствени работници ја повикаа јавноста да продолжи со мерките за заштита.

„Епидемијата во кина не е при крај, влезе во нова фаза. Со оглед на тоа дека вирусот беснее низ светот, не можеме да кажеме дека помина во Кина“, вели Зенг Гуанг, главен епидемиолог  од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.
Трет бран и укор од владината агенција
Откако фотографии оф полни паркови ги преплавија социјалните мрежи, главното гласило на Комунистичката партија остро ги укори граѓаните, препорачувајќи им да не се собираат во групи.
„Ако во текот на собирите присутните луѓе немаат симптоми, не значи дека не можат да го пренесат вирусот, а последиците може да бидат многу тешки“, се наведува во написот.
Мислењето дека е прерано за укинување на мерките за заштита од корона вирусот ги натера хонконшките стручњаци, но и власта, да предупредат на трет бран.
Хонконшкиот епидемиолог Јуен Квок-Јунг вели дека може да дојде до нов бран заразени во средишните делови на Кина, а за нив најодговорни ќе бидат луѓето кои го увезуваат вирусот, од Европа и од САД.