(Фото вест) Ковачевски гласаше за избор на лидер на СДСМ


Кандидатот за претседател на владеечката партија, Димитар Ковачевски, гласаше на внатрешнопартиските избори за кои од партијата велат дека поставуваат нови,  највисоки стандарди на македонската политичка сцена.

Веднаш по Ковачевски гласање и втората кандидатка Фросина Ременски во општина Ѓорче Петров.

За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.