(Фото) Силен ветар во Хрватска турна автомобил во море
Метеоролозите за деновиве најавуваат силно невреме на подрачјето на Балканот, а за колку силни ветрови станува збор, покажува фотографијата од Хрватска.
Имено, на островот Раб во Хрватска силниот ветар турнал автомобил во море.
Невремето во Хрватска е многу силно, особено на подрачјето на главниот град Загреб и на Јадранот.