(Фото) На плоштади, во кафеани, дома… како се следеше натпреварот Португалија – Македонија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва не успеа да направи уште една сензација од рангот на онаа против Италија, но и во натпреварот против домаќинот Португалија во финалето на баражот за настап на Светското фудбалско првенство во Катар, се бореше до последен здив.


Како ретко кога, вечерва голем број граѓани беа „заковани“ пред своите телевизори, или пак пред екраните во кафеаните и видеобимовите на плоштадите.


Фотографиите на нашиот репортер Борис Грданоски прикажуват дел од атмосферата, снимена на плоштадот во скопската населба Автокоманда.


Можеме само да претпоставиме какво славје ќе имаше доколку победеа нашите репрезентативци.
(Фото: Б. Грданоски)