(ФОТО) Дубаи: 17 лица загинаа откако автобус полн со туристи удри во знак


Илустрација

Најмалку 17 лица од различни националности загинаа, а неколку се повредени кога автобус полн со туристи удри во знак на автопат во Дубаи, пренесува Би-би-си.

Се наведува дека во возилото, кое припаѓа компанијата за автопревоз „Муаслат“ од Оман, имало 31 патник и дека несреќата се случила на автопатот што го носи името на шеикот Мохамед бин Зајед.

Индиските власти соопштија дека меѓу загинатите има осум граѓани на Индија и дека има повредени лица од таа земја.

Се наведува дека возачот на автобусот се здобил со полесни повреди.