Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите


 Европската унија е одлучна да го примени својот дигитален правилник во целост без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите како Х, Мета, Епл и ТикТок или во која земја се наоѓаат, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Правилата што ги изгласаа нашите законодавци мора да се спроведуваат. Затоа отворивме случаи против ТикТок, Х, Епл и Мета, само да споменеме некои. Правилата ги применуваме чесно, пропорционално и без пристрасност, рече фон дер Лајен во писмена изјава за Политико.

Таа нагласи дека однесувањето на ЕУ нема да зависи од тоа кој е сопственик на компанијата или каде е нејзиното седиште.