Флотилата за Газа објави видео од нападот врз нивниот брод: Активисти цел на дрон, иако Тунис негира

Глобалната флотила Сумуд за Газа, која беше нападната утрово во водите на Тунис, објави видео кое го сними моментот на нападот.
Претходно, флотилата објави дека еден од нивните главни бродови бил погоден од дрон во туниските води, а сите шест патници и членови на екипажот се безбедни.
Избувна пожар на бродот
На платформата X, сметката на Глобалната флотила Сумуд сподели видео кое го прикажува моментот кога бродот бил нападнат.
Видеото беше објавено откако туниските власти соопштија дека експлозијата се случила во внатрешноста на бродот.
Footage from another boat of our Flotilla shows the exact moment the Family Boat was struck from above. pic.twitter.com/qVpUyg56uP
— Global Sumud Flotilla (@GlobalSumudFlot) September 9, 2025
Видеото покажува дека експлозијата не се случила во внатрешноста на бродот, како што тврдат туниските власти, туку дека бродот бил погоден од дрон.
„Агресивните дејствија насочени кон заплашување и нарушување на нашата мисија нема да нè обесхрабрат. Нашата мирна мисија за прекин на опсадата на Газа и застапување на солидарност со нејзините луѓе продолжува со решителност“, соопшти групата во посебна објава на Инстаграм.
— Global Sumud Flotilla (@GlobalSumudFlot) September 9, 2025
Флотилата објави дека денес ќе одржи прес-конференција за да ја информира јавноста за нападот.
Глобалната флотила Сумуд е најголемата меѓународна иницијатива досега за испорака на хуманитарна помош до воено разорената Газа преку цивилни бродови, поддржана од делегации од 44 земји, вклучувајќи ја шведската активистка Грета Тунберг и португалската левичарска политичарка Маријана Мортагуа.
Целта е да се прекине нелегалната опсада на Газа по море, да се отвори хуманитарен коридор и да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ.
Израел претходно им се закани на активистите дека ќе бидат чувани во терористички затвори.