Финска за 10 дена ќе објави дали сака да се придружи на НАТО
Финска на 12 мај ќе објави дали ќе се пријави за членство во НАТО, објави финскиот весник „Италети“, повикувајќи се на анонимни извори од финската влада.
Објавата ќе се случи во два чекора, наведува весникот. Истиот ден финскиот претседател Саули Нинисто ќе објави дека го поддржува влегувањето на земјата во НАТО, а потоа парламентарните групи ќе го дадат своето одобрени за пријава.
Руската инвазија на Украина ги турна Финска и Шведска кон членството и НАТО. Тие земји, откако Русија ја нападна Украина, ја напуштија идејата дека мирот најдобро ќе се одржи на начин јавно да не се поддржува ниту еден голем блок.
Русија ја предупреди Финска за последиците
Според финскиот Устав, надворешната и сигурносна политика на таа земја ја одредува претседателот во соработка со владата.
Одлуката за пријава за членство ќе биде потврдена на состанокот на претседателот и клучните владини министри откако иницијалните објави на претседателот и парламентот, јави „Италети“.
Русија, коа со Финска ја дели границата долга дури 1.300 километри и историја на конфликти пред 1945 година, предупреди дека Калинингран, руска енклава на брегот на Балтикот, повеќе нема да може да се смета регион без нуклеарно оружје ако Финска и Шведска одлучат да влезат во НАТО.