Фијаско на новогодишното шоу во Будва – 600 дронови почнаа неконтролирано да паѓаат (видео)


Иако беше најавено како невиден спектакл на овие простори, претставата со дронови што требаше да се изведе на полноќ во Будва заврши неславно.
Околу 600 дронови паднаа во морето и на платото пред Капетанија, а како што е потврдено, никој не е повреден.

Будванската полиција за „Вијести“ изјави дека синоќа спровела истрага и за сè го известила обвинителството во Котор.

За време на претставата, се појавил технички проблем и дроновите почнале неконтролирано да паѓаат, пред голем број собрани граѓани.

Pobjeda.me пишува дека не е исклучена можноста намерно да е предизвикан падот. На новогодишната претстава со дронови ѝ претходеше огномет.