ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД
Одлуката ,која е научно поткрепена, потврдува дека никотинските ќесички ZYN се подобра алтернатива за возрасните пушачи.“
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN, одлука што оваа агенција ја носи кога, врз основа на доставени научни докази, ќе утврди дека продажбата на производот е во согласност со принципите на заштита на јавното здравје.
Така, ZYN стана првиот и единствен производ од ваков вид одобрен од ФДА.
Ова овластување на сите никотински кесички ZYN што моментално се продаваат во САД, чиј производител е Swedish Match, компанија која во 2022 година ја купи Philip Morris International, претставува важен чекор кон заштита на јавното здравје преку обезбедување на подобри алтернативи на возрасни корисници на цигари и други традиционални тутунски производи.
Според достапните докази, ФДА заклучи дека ZYN обезбедува повеќе здравствени придобивки за населението отколку ризици.
Том Хиерс, претседател на Swedish Match за Северна Америка, рече дека „околу 45 милиони Американци редовно консумираат никотин, а околу 30 милиони од нив пушат, што е најштетниот облик на консумирање никотин. Одлуката на ФДА ја препознава улогата што ZYN може да ја игра во заштитата на јавното здравје помагајќи им на луѓето да се откажат од цигарите и другите традиционални тутунски производи“.
Одлуката на ФДА може да се најде овде.
Philip Morris International: Создавање на иднина без чад
Philip Morris International (PMI) е водечка меѓународна тутунска компанија која активно работи на создавање иднина без чад и ја развива својата палета на производи за да вклучи производи надвор од секторите за тутун и никотин на долг рок. Сегашната палета на производи на компанијата главно се состои од цигари и производи без чад. Од 2008 година, PMI инвестираше повеќе од 12,5 милијарди долари во развој, научна потврда и маркетинг на иновативни производи без чад за возрасни корисници кои инаку би продолжиле да пушат, со цел целосно да се елиминира продажбата на цигари. Ова вклучува развој на светски капацитети за научна евалуација, особено во областите на претклиничка систематска токсикологија, клинички и бихејвиорални истражувања и постмаркетиншки студии. Во 2022 година, PMI ја презеде шведската компанија Swedish Match – лидер во никотинските производи за орална употреба – и со тоа стана глобален лидер во категоријата производи без чад предводена од брендовите IQOS и ZYN. Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ги класифицираше верзиите на уредот и патроните IQOS на PMI, како и производите снус на Swedish Match, како тутунски производи со модифициран ризик. Од 30 јуни 2024 година, производите без чад на PMI се продаваат на 90 пазари, а PMI проценува дека 36,5 милиони возрасни луѓе ширум светот ги користат производите без чад на PMI. Производите без чад сочинуваат околу 38% од вкупниот нето приход на PMI во првите девет месеци од 2024 година. Врз основа на цврсти темели и значајна научна експертиза, PMI во февруари 2021 година ја објави својата амбициозна намера да влезе во областа на велнес и здравствена заштита со цел да го подобри животот преку обезбедување на беспрекорно здравствено искуство. За повеќе информации, посетете ги www.pmi.com и www.pmiscience.com.
(Комерцијален текст)