„Фајненшел Тајмс“: Русија не се подготвува за мир туку за нова воена офанзива

Русија очигледно се подготвува за голема офанзива во Украина, бидејќи ги движи трупите кон клучните позиции на бојното поле, објави „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на неименувани украински разузнавачки извори.
Подготовките што наводно се спроведуваат укажуваат дека Москва планира ескалација на војната и покрај очекуваните преговори за прекин на огнот оваа недела и повиците од Киев и неговите сојузници за безусловно 30-дневно примирје, објавува Index.hr.
Русија ги отфрли предлозите за прекин на огнот доколку тие не бидат придружени со прекин на воената помош за Украина и продолжува со копнени напади по бојното поле и со напади со долг дострел врз украинската инфраструктура.