Европската комисија е виновна за доцнењето на вакцинацијата, обвини премиерот на Баварија
Баварскиот премиер Маркус Зодер во петокот ја обвини Европската комисија за оддолговлекувањето на кампањата за вакцинација на континентот.
Зодер, сметан за можен кандидат за наследник на Ангела Меркел како канцелар по изборите оваа година, рече дека сегашната состојба е „повеќе од незадоволителна“.
„Според мое мислење – тоа е мојот впечаток – нарачката беше поставена предоцна, а потоа беа избрани само неколку [фармацевтски] компании“, рече Зодер за јавниот радиодифузер ЗДФ, додавајќи дека „оперативната одговорност јасно ја нос [Брисел]“.
Караница избувна оваа недела кога производителот на вакцини „АстраЗенека“ рече дека засега ќе достави значително помалку дози во ЕУ отколку што беше планирано, а фирмата и Брисел ,еѓусебно се обвинуваат за доцнењето.
Зодер рече дека иако е важно да се одговори на прашањето за одговорност, „сега треба да се фокусираме на добивање повеќе вакцини – и побрзо“.
Тој сепак го понуди своето мислење за тоа кој е виновен. „Одлуката беше донесена според, како што мислам, типична, нормална, бирократска процедура на ЕУ, исто така во однос на прашањата за парите. И мислам дека фундаменталното значење во оваа ситуација беше потполно потценето “, рече тој.
Зодер исто така се пожали дека „сè уште се отворени безброј прашања“, вклучително и како е можно „во САД вакцините да се испорачуваат месеци порано и во поголеми количини“ во споредба со ЕУ. Тој додаде дека „едноставно не е правилно“ што постарите луѓе сè уште чекаат прва доза удар во Европа „додека во Израел, веќе се вакцинираат внуците“.