Европратеници од Зелените кај Пендаровски


 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими европратениците Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер, претставници од Зелените во Европскиот парламент.

На средбата беше разговарано за текот на евроинтеграциите на Македонија од аспект на скрининг процесот, реформските активности што ги презема земјава и прилагодување со европското законодавство, како и за актуелните случувања во Европската унија.

Пендаровски, како што наведуваат од неговиот кабинет, истакнал дека е неопходно да се посвети посебно внимание на реформите во областа на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, и изрази очекување дека европските институции ќе дадат максимална поддршка и ќе го забрзаат процесот на пристапување на Северна Македонија со што ќе се овозможи земјава да ги почувствува конкретните придобивки во текот на преговорите.

На средбата со европратениците, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната поддршка од  Зелените и посочи дека земјава е отворена за натамошна соработка.