Еве како да се врати свежината: Не фрлајте го стариот леб


Свежиот леб се суши во просек за еден ден, но има начин да му ја вратите свежината.

Кога имате леб во куќата, но е стар, а не ви се оди до продавница или едноставно не сакате да го фрлите, не мора секогаш да правите пржени лепчиња. За да го искористите бајат лебот, ви откриваме трик кој ќе го направи повторно свеж, како штотуку да сте го печеле.

Како да ја вратите свежината на лебот

Постапката е едноставна и трае само неколку минути. Потопете тврд леб или половина леб така што ќе го ставите лебот во сад наполнет со вода. Добро натопете го со вода. Не е важно дали е топла или ладна. Потоа лебот ставете го во плехот, а потоа во рерната која е загреана на 150 степени. Лебот се пече 5-6 минути. Ако е цел леб, печете го 10-12 минути.

По печењето лебот повторно ќе биде мек и свеж, а ќе добие крцкава кора како штотуку да е замесен. Ќе уживате да го јадете. Секако, не го применувајте ова ако лебот е премногу стар и мувлосан. Таков леб најдобро е да го фрлите во ѓубре за да немате здравствени проблеми.