Еве како да ги одржувате лимоните свежи што е можно подолго
Има едноставни начини да го продолжите животниот век на цитрусните овошја. Лимоните, како и другите цитрусни овошја, никогаш не треба да се чуваат во фрижидер бидејќи многу брзо ќе го изгубат вкусот поради ниските температури.
Покрај ова правило, многумина прават уште една грешка која влијае на свежината на лимоните. Ако се чува во хартиена кеса, мувла ќе се појави многу брзо.
Сепак, професионалните ресторани имаат трик за чување на лимонот, благодарение на кој се продолжува неговиот рок на траење, но и се зачувува свежината и вкусот.
Трикот е многу едноставен – се што ви треба е вода.
Сигурно сте забележале во баровите дека лимоните се чуваат во големи садови со вода. Не, тоа не е поради естетскиот или визуелниот впечаток, туку има валидна причина – правилно чување на ова цитрусно овошје.
Лимоните остануваат свежи најдолго ако се чуваат во свежа и поладна вода. Доколку дома чувате лимони на овој начин, потребно е само редовно да ја менувате водата.
На овој начин ќе го продолжите и рокот на траење на портокалите, мандарините и грејпфрутот.