ЕУ донесe одлука за Гренланд, ова е одговор на Трамп


Европската Унија има намера да ја удвои финансиската поддршка за Гренланд, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Европа и Гренланд секогаш ќе бидат сигурни партнери еден на друг. Сакаме да ја продлабочиме нашата соработка. Затоа сакаме да ја удвоиме нашата финансиска поддршка за Гренланд“, објави таа на X.

Одговор на изјавите на Трамп

Во март, по коментарите на претседателот Трамп за желбата да ја преземе контролата врз арктичкиот остров, фон дер Лајен изјави дека ЕУ секогаш ќе го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет.

Гренланд е автономна територија на Данска.