Еруптира вулканот Таал на Филипините
Серија кратки и слаби ерупции се случија денеска на вториот најактивен филипински вулкан, објави научниот тим на филипинската влада предупредувајќи дека би можела да следува силна ерупција
Повеќе од 6.000 луѓе ги напуштија своите домови во селата близу Таал во покраината Батангас, 66 км јужно од манила, од 1 јули кога беше забележана првата ерупција.
Во средата се случија четири фреатомагматски ерупции, како резултат на интеракцијата на магма и вода, во главниот кратер на Таал, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Ерупциите траеле меѓу една и седум минути и исфрлиле сивкасти столбови честички кои оделе и до 300 метри во воздух, наведува Институтот.
Опасност од експлозивна ерупција
Подрачјето се наоѓа на трет степен на тревога, што значи дека магмата која истекува од главниот кратер може да предизвика експлозивна ерупција, наведува институтот.
„Постои можност да се случат посилни ерупции и затоа треба да бидеме многу внимателни“, вели директорот на институтот Ренато Солидум.
Таал последен пат еруптираше во јануари 2020 година, при што беа раселени 376.000 луѓе Според локоалните власти, 39 луѓе починаа во евакуациските центри од болести или несреќи поради вдишување честички пепел.
Таал од 1572 година еруптирал 33 пати.
Се работи за популарна туристичка дестинација со сликовити кратерски езера и е единствен познат вулкан на светот внатре остров на езеро.