Ердоган: Хамас не се терористи туку патриоти
Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган изјави денес дека Хамас „не е терористичка група“ туку „патриотска организација која ја брани својата територија и народ“. Во говорот пред пратениците на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористил добрите намери на Турција и дека нема да оди во Израел како што претходно беше планирано.
Тој, исто така, повика на итен прекин на огнот меѓу израелските и палестинските сили и рече дека муслиманските земји мора да дејствуваат заедно за траен мир, повикувајќи ги светските сили да извршат притисок врз Израел да ги запре нападите.
Ердоган додаде дека граничната порта Рафах мора да биде отворена за хуманитарна помош и дека размената на затвореници треба итно да се заврши.