„Ер Франс“ прекинува времено со летови над Белорусија
Франција– Францускиот авиопревозник Ер Франс соопшти денеска дека ги прекинува „до следна наредба“ летовите во воздушното пространство на Белорусија.
„Ер Франс имаше увид со заклучоците на Европскиот совет и ги прекинува до следна наредба летовите на авионите во воздушното пространство на Белорусија“, се вели во соопштение од авиокомпанијата.
И „Луфтханза“ времено ги прекина летовите над Белорусија.