ЕП ракомет: Црна Гора ја шокираше Хрватска


Репрезентацијата на Црна Гора го направи едно од најголемото изненадувања на Европското ракометно првенство. Попладнево во Будимпешта, Црногорците забележаа триумф над фаворизираните Хрвати со 32:26.

Ова е трета победа за Црна гора на ЕП и прва во главната рунда. Претходно во прелиминарната фаза ги совлада Словенија и Македонија.

Од Групата-1 до крајот на денот ќе се сретнат: Франција – Холандија и Данска – Исланд.

Во Групата-2, Шведска ја победи Русија со 29:23. Денес уште играат: Германија – Шпанија и Полска – Норвешка.