ЕМА дозволи уште една комбинација од лекови против корона вирусот

Европската агенција за лекови ЕМА, соопшти дека комбинацијата од лекови на компанијата „Илај Лили“ може да се користи во лекување на Ковид-19 кај пациенти на кои не им е потребна кислородна поддршка и постои висок ризик да развијат тежок облик на болеста.
Препораката сега е да може да се користи како насока во некои европски земји за можна употреба на комбинација на лековите бамланивимаб и етесевимаб, пред да се добие пошироко одобрение, наведе ЕМА, пренесе Ројтерс.
Лековите припаѓаат на класата лекови познати како моноколонски антитела, кои синтетички се произведени како копија на протеините кои се борат против инфекцијата, а кои човечкото тело природно ги произведува.
ЕМА наведе дека додека резултатите покажуваат дека комбинацијата на овие лекови ја намалиле количината на вирусот присутен во задниот дел на носот и грлото, постои одредена нсигурност околу користа од употребата само на бамланивимаб.
Но, ЕМА не ја исклучува монотерапијата како можна опција.