Елитниот 331. падобрански полк се бори за јавна поддршка во Русија

Додека државните медиуми раскажуваат приказна за големото херојство на единицата, во родниот град на полкот, поддршката за борците изгледа помалку сигурна. Причина се големите загуби


Некои од 62-та воници од полкот што загинаа

 

На бојното поле во Донбас, оклопно возило јури до теренска болница и во него има неколку тешко повредени војници. „[Украинскиот] тенк пукаше кон нас“, објаснува еден од руските падобранци, додека неговите рани се преврзани, „…прво кон нас, потоа директно во нас“.

Овие погледи на крвавата реалност на оваа војна, на државната телевизија  Росија во јуни, се ретки. Но, признанијата за цената што ја плаќа армијата стануваат сѐ помалку. Нешто друго во врска со овие слики, исто така, го привлече нашето внимание, бидејќи војниците беа идентификувани на руските социјални мрежи како припадници на 331. гардиски падобрански полк, единица која се појави во извесувањата од војната на почетокот на април.

Во март, 331-та, стационирана кратко до пред инвазијата во Кострома, 300 километри североисточно од Москва, претрпе големи загуби за време на неуспешното напредување кон Киев. За време на борбите од 11 до 14 март тие беа постојано под напад на украинската артилерија додека се обидуваа да го освојат градот Буча, место на грозоморни последователни злосторства против локалните цивили. Меѓу загинатите во борбите во средината на март беше и полковникот Сергеј Сухарев, командант на 331-от полк, неколку други офицери и десетици војници.

Многу од војниците беа наведени како „исчезнати“ – умреа во околности, како на пример во разнесени оклопни возила, каде што беше невозможно да се извлечат нивните тела. Но, спомен-ѕидовите на руската платформа налик на Фејсбук, В’Контакте, даваат добра идеја за потврдените смртни случаи и вознемирената реакција на јавноста.

ХЕРОИ… ИЛИ ЖРТВИ?

Набљудувајќи ги локалните медиуми во Кострома по овие првични загуби, се чини дека руските власти почнаа да имаат загриженост да ја остават јавноста во темнина за тоа што се случува со 331. полк. Во мај, група поранешни офицери беа испратени да разговараат со падобранците, а потоа се појавија на локалниот ТВ канал за да ја уверат јавноста.

„Сакавме да видиме самите“, му рече на интервјуерот полковник Николај Мајоров, пензиониран командант на полкот. „Бевме убедени дека нивното расположение е добро“.

И како да им се обрати на оние кои се збунети од целта на оваа војна, Мајоров додаде: „Тие знаат што прават, знаат зошто го прават тоа“.

Официјално одобрените церемонии покажуваат дека улица е именувана по полковник Сухарев, училиште во чест на Данил Турапов, падобранец убиен во истата битка или фондови за собирање срества за испраќање пакети за утеха на војниците. Роднините на војниците очигледно чувствуваат силна заедничка врска, но тоа е помалку така меѓу пошироката заедница.

Видеото од концертот што беше поставен од семејства на членови на 331-от полк, по повод годишниот Ден на победата на Русија на 9 мај, покажува бујна изведба на патриотски песни во јавниот парк во Кострома. Но, широките кадри откриваат дека речиси никој не гледа.

Присутна е и амбивалентност, па дури и непријателство кон војната во Украина.

Еден жител на Кострома, кој ги истражуваше реакциите за загубите на градот во Украина, рече: „Жал ми е за секое од овие момчиња, но не ги сметам за херои, ги сметам за жртви“.

Од руските извештаи и други отворени извори, можно е да се следи што се случило со падобранците по нивното несреќен марш на Киев. 331. полк, заедно со илјадници други руски војници во тој дел на северна Украина, беше повлечен назад во соседна Белорусија во втората половина од март.

На почетокот на април, нивните возила беа снимени како се товараат на железнички вагони кај Барановичи во Белорусија, од каде беа однесени околу 1.000 километри подолу до Белгород, руски град кој се граничи со источна Украина. Ова беше дел од промената кон Донбас на истокот на Украина.

Војниците во мигови на мал одмор

По одреден период одмор таму, 331-от беше уфрлен во акција уште еднаш, за  време на борбите во април во близина на Изјум во источна Украина. По неколку недели без нови жртви, почнавме да гледаме нови записи на ѕидовите на спомениците на социјалните мрежи.

До крајот на мај, руското внимание се префрли на околу 100 километри југоисточно кон Попасна, каде што напаѓачите почнаа да напредуваат против украинските бранители.

Токму во битките во тој агол на Луганск што беснееја во текот на последните недели, 331-от повторно беше во акција и во која беа снимени извонредните снимки од неговите војници, прикажани на државно контролираниот ТВ канал Россија.

Борбено возило, или да ги користиме руските иницијали, БМД, што се појавува на таа снимка е обложено со толку многу симболи и букви што стана еден вид табло на 331-иот и неговото мрачно колективно искуство.

Што се однесува до човечките трошоци за оваа долга борба, нашиот биланс на потврдени смртни случаи во полкот се зголеми од 39 на почетокот на април на 62 моментално. Со оглед на бројот на исчезнати војници и некои имиња кои не се објавени, вистинскиот број за изгубени е значително поголем и може да достигне 120. Кога ќе се додадат ранети во сооднос од три спрема еден, вкупните жртви се веројатно во опсегот од 400 до 500. Ова е околу половина од силината на 331-от полк со која велезе во Украина во февруари.

Влијанието врз Кострома е нешто поголемо затоа што 1065. Воздушно-десантен артилериски полк, исто така од тој град, се борел заедно со 331-от во Украина, трпејќи загуби. Локалните медиуми потврдија дека повеќе од 80 војници од Кострома биле убиени во месеците од крајот на февруари, а за време на целата деветгодишна војна во Авганистан во Советскиот Сојуз имаше само 56. (Би-Би-Си)