Експлозија во Русија, загинаа тројца


Илустрација

 

Три лица загинаа, а четири се повредени во експлозија во станбена зграда во Русија, соопштија тамошните власти.

Експлозијата утрово се случила во еден стан во градот Химки, во близина на Москва. Според зборовите на надлежните, загинаа две возразни лица и едно дете.

Уште четири лица, меѓу кои и 10-годишни, се во болница со повреди.

Жителите на зградата се евакуирани. Уште се истражува причината за експлозијата, но локалните медиуми шпекулираат дека се работи за протекување гас.