Експлозија во Касписко Море близу нафтени и гасни полиња – се сомневаат на вуклан од кал
Силна експлозија го потресе подрачјето на Каспиското Море каде Азербејџан има големи нафтени и гасни полиња во морето.
Причината за експлозијата не е утврдена веднаш. На снимките кои се споделуваат по социјалните мрежи може да се види ерупција на огнен мламен од што небото доби црвена боја. Државната нафтена компанија „Сокар“ објави соопштение во кое се наведува дека според првичните информации се работи за вулкан на кал.
Додаваат дека ни една од нивните платформи не е оштетена во експлозијата.
Макспиското Морте е познато по големиот број вулкани од кал, кога еруптираат, испалуваат кал и запаллив гас.
Портпаролот на „Сокар“ рече дека експлозијата се случила на 10 км од ганото поле, што е 75 км од главниот град на Азербејџа, Баку.
WATCH: Large explosion reported near oil platform in the Caspian Sea; officials say it may have been caused by a mud volcano pic.twitter.com/eqwNw110bF
— BNO News (@BNONews) July 4, 2021
Што велат стручњаците?
Стручњак за вулкани од кал Марк Тингај, вонреден професор на свстралискиот Универзитет во Аделаида, вели дека експлозијата во Каспиското Моте „сигурно морала да биде ерупција на вулкан“ и дека нејзината локација „приближно одговара“ на вулканот на кал наречен Мараков банк, кој експлодирал во 1958 година, кога во воздухот исфрлил пламен висок 500 до 600 метри ,а бил 150 метри широк.
„Азербејџан има стотици вулкани на кал, додкеа познато е оти четвртина од нив еруптираат насилно“, додава Тингај.
Научниците не се сигурни што го предизвикува ова, но најверојатно се работи за купишта камења и карпи кои во текот на експлозијата се судираат една со друга и предизвикуваат искра која предизвикува палење на гасот.
Азербејџан е позната како „Огнена земја“ поради подземните резерви нафта и гас. Уште Марко Поло во 13 век пишувал за пожарите предизвикани со подземни гасови.