Експертите во САД фрустрирани, политичарите решаваат дали да има трета доза вакцини


Членовите на независниот Центар за контрола и превенција на болести се исфрустрирани од планот на администрацијата на претседателот Џо Бајден да започне со испорака на трета доза на вакцини следниот месец, бидејќи таа најава дојде пред федералните регулатори да оформат јасен став околу ефектот од вакцините. 

Стратегијата на Белата куќа зависи од ФДА (федералната агенција за лекови)  која пак ги смета засилувачите на вакцината за безбедни и ефикасни и затоа се бара од Центарот да ја препорача нивната употреба. Сепак, некои членови на Центарот за контрола и превенција на болести јасно порачаа дека се лути што објавата дојде пред федералните регулатори и научници формално да ги одобрат засилувачки дози.

„Ова отвори врата за многу конфузија“, рече Сандра Адамсон Фрајхофер од Американската медицинска асоцијација.

Многу болници на југот на САД веќе започнаа со администрирање на трети дози за нивните здравствени работници во услови на експлозија на случаите со Ковид 19  поврзани со варијантата Делта. Според оценката на експертите, многумина претпоставуваа дека е даден благослов од Белата куќа, но сега тие се изложуваат на ризик да имунизираат лица надвор од препораките на ФДА и Центарот за превенција и контрола на болести. До Центарот стигна предупредување дека давателите на здравствени услуги кои не ги следат федералните упатства за тоа како треба да се администрираат вакцините може да се изложат на одговорност кога бараат надомест од федералната влада.

Податоците  покажуваат дека 955.000 Американци добиле дополнителни дози на вакцина, иако не е јасно колку од тие што им дале биле  технички овластени. Досега, федералната влада одобри зајакнувачи на вакцините само за мал број луѓе со компромитиран имунолошки систем, вклучително и приматели на трансплантација на  органи. Pfizer и BioNTech, чија вакцина доби целосна одобрување од ФДА минатата недела, аплицираа  за дозвола да понудат засилувачи на вакцините, односно трета доза. Компаниите што стојат зад двете други вакцини што се користат во САД – Модерна и Џонсон енд Џонсон имаат намера да побараат одобрување за засилувачи, но се уште не го сториле тоа.

Одлуката на администрацијата на Бајден да објави дека ќе понуди засилувачи за сите возрасни, создаде непријатна ситуација за федералните регулатори, на кои сега им е оставено да трасираат пат за натаму и покрај ограничените, а понекогаш и збунувачки податоци за ефективноста на вакцините со текот на времето. Додека САД имаат постојано снабдување со дози и стотици милиони во нарачка , многу земји во светот се борат да го завршат првиот круг на вакцинација.