ЕИБ: Фондовите наменети за Западен Балкан се импресивни

Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вернер Хојер, го поздрави Берлинскиот процес и порача дека неговата институција ќе ја зголеми поддршката за регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тој денес се обрати на самитот на Берлинскиот процес каде порача дека ЕИБ останува посветена на Западниот Балкан и дека ќе поддржи позелена, дигитална и инклузивна транзиција.
До сега ЕИБ инвестирала пет милијарди евра во транспортот во регионот за подобра поврзаност помеѓу земјите, kако и 1,7 милијарди евра за Ковид-19. Во првиот дел од оваа година банката, исто така, ја зголемила својата поддршка за инфраструктурни проекти со 600 милиони евра.
-Фондовите поврзани за овој напредок се импресивни и оваа поддршка не се намали во овие времиња на потреба, иницијативата на Тим Европа, во која ЕИБ е водечки финансиер, ја нагласува посветеноста и солидарноста на ЕУ со регионот, изјави Хојер.