Македонска борбена елита за НАТО (галерија)


Фото: Б. Грданоски

По повод одбележување на првата годишнина од полноправното членството на Република Северна Македонија во НАТО, во касарната „Илинден”- Скопје, денеска припадниците на специјалните единици при Армијата изведоа неколку вежбни активности.

Фото: Б. Грданоски

Симулирање на заложничка состојба во затворен објект беше првата вежба кој ја изведоа припадниците на елитните единици на АРМ.

Фото; Б. Грданоски

Со пуштање низ јаже од височина и употребување на шок бомби припадниците на АРМ, во присуство на врховниот командант на армијата, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска други високи преставници на НАТО, успешно ја изведоа ова работна задача.

Фото: Б. Грданоски

Воедно, дел од денешните активности на АРМ, беше и изведбата на вежбата во кој припадници на Единицата за специјални намени, ја покажа својата физички спремност, односо боречките вештини во бокс, кик – бокс и карате.

Фото: Б. Грданоски

Истовремено денеска беше симулирана и акција на напад и одбрана на пешадијата на Армијата.

Фото: Б. Грданоски

Потполковник Стојанче Костов, од Вториот пешадиски баталијон на АРМ, во образложение на ова вежба, рече дека ова показна вежба одделението на армијата настапува во формација колона.

Фото: Б. Грданоски

– Одделението за цело време на движење овозможува длабока растреситост и обезбедување за 360 степени. Се состои од два тима. Првиот борбен тим е основен борбен тим кој што го прифаќа контактот со непријателот и вториот борбен тим е тим за обезбедување, рече потполковник Костов.

Фото: Б. Грданоски

Во изминатиот период припадниците на Вториот пешадиски баталјон на АРМ, како што истакна Костов, учествувале во заеднички вежби со припадниците на Обединетото Кралство и САД.

Фото: Б. Грданоски

По овој повод за време на централната манифестација што денеска се одржува во касарната Илинден три воени авиони на НАТО, од воздухопловните сили на Грција прелетаа над Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во својот говор пред присутните наведе дека членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и  безбедност.

Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје, истакна дека патот до членството беше долг и тежок.

Фото: Б. Грданоски

– Чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, изјави претседателот Пендаровски .

Фото: Б. Грданоски

Премиерот Зоран Заев, посочи дека членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Според него полноправното членство во НАТО е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија.

Фото: Б. Грданоски

Командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк на свеченоста за одбележување на првата годишнина од членствот во НАТО во скопската касарна Илинден, рече дека пред да стане сојузник, Северна Македонија долго време беше партнер и придонесувач за НАТО и за евроатлантската безбедност. 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски