Џереми Хант: Јас сум алтернативата на Борис Џонсон


Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави денеска дека тој е алтерантивата на Борис Џонсон, кој е фаворит во трката за наследник на премиерката во оставка Тереза Меј, бидејќи би направил напори за зделка со ЕУ за Брегзит.

– Разликата меѓу мене и Борис е што јас би се обидел да постигнам договор за Брегзит со ЕУ, истакна Хант за Би Би Си.

Освен тоа, шефот на британската дипломатија нагласи дека доколку Борис Џонсон стане иден премиер, тој ќе го почитува.

Кандидатите за британската премиерска функција предупредуваат дека Конзервативната партија има потреба од вистинска конкуренција, а не од крунисување на водечкиот кандидат Борис Џонсон.

Поранешниот министер за надворешни работи Џонсон води со голема предност пред останатите претенденти по првиот круг од гласањето на конзервативните пратеници.