Заев се сретна со Џафери и со Ахмети во Собрание


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го повикал премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Собранието, велат од СДСМ откако во јавноста излезе информација дека тој се наоѓа во парламентот на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Причина за поканата е  лично да го информира Заев за покренатото гласање за доверба на владата и за натамошните деловнички чекори. Од партијата засега нема информации околу средбата на Заев со Ахмети.

Барањето за гласање недоверба на актуелната Влада попладнево го поднесоа опозициските партии откако Заев самиот не ја поднесе оставката до 14:30 часот денеска.По поднесеното барање од опозицијата, премиерот се огласи преку социјалните мрежи при што наведе и оти верува дека мнозинството пратеници стои зад него.