Двегодишно девојче во Германија се задуши на ручек во градинка

Во една германска градинка во петокот, во градот Росток, се случи трагедија кога двегодишно девојче се задуши за време на ручекот.
Државниот обвинител Харалд Новак ја потврди информацијата и рече дека е покрената истрага.
Наложена е обдукција за да се утврди точната причина.
Родителите на другите деца во градинката пренесоа дека вработените во градинката се обиделе да го реанимираат девојчето, но не успеале во то, ниту пак лекарите кои стигнале брзо.
Некои родители рекоа дека тој ден за ручек децата имале колбас, па според нив, можеби тоа било причина за гушење и смрт.