Двајца повредени во тепачката меќу навивачите на Челзи и Арсенал
Еден руски и еден англиски државјанин се повредени во тепачката вчеравечер меѓу навивачи на Челзи и Арсенал во Баку каде мвечерва се игра финалето од Лига Европа.
Четириесет и едногодишниот Русин Заур Мамедов заработил повреда на лицето која му била санирана од итната помош на местото на настанот.
Вториот повреден е Андерсон Челс, фан на Челзи кој бил пренесен во болница. Според информациите кои доаѓаат од Азербејџан, состојбата на повредениот Англичанец не е стабилна и тој е надвор од животна опасност.