Два земјотреса регистрирани во Британска Колумбија


 Два земјотреса со интензитет од 6,5 и 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа се регистрирани на северниот брег на канадската провинција Британска Колумбија.

Епицентарот на земјотресите бил во Тихи Океан на длабочина од 10 километри. По земјотресите не беше издадено предупредување за појава на цунами.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.