Два земјотреса ја погодија Австрија, епицентрите во близина на Виена


Два земјотреса, со јачина на ударот од 4,9 и 4,6 степени според Рихтеровата скала, денеска погодија област во близина на Виена, соопшти  Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во моментов нема податоци за потенцијална штета.

На социјалните мрежи, граѓаните на Виена известуваат дека го почувствувале тресењерто на тлото.