Дури 19 лекари влегоа во политиката


Фото: Б. Грданоски

Во новиот парламент на Македонија има најмногу правници – 28, а потоа економисти – 18 и дури 19 лекари. Во законодавниот дом седнуваат и еден педагог, 6 политиколози, еден филолог, 10 професори/наставници во основно и во средно образование.

Највозрасниот пратеник, 72-годишниот Илија Николовски, е пензиониран генерал, а најмладиот, 23-годишната Артина Ќазими, е студентка. Во име на граѓаните од парламентот ќе одлучуваат 14 доктори на науки, 9 магистри, тројца магистранти, а има деветмина професори на факултет. Двајца пратеници се со средно образование.

Во новиот парламентарен состав исто така има тројца електроинженери, двајца шумарски инженери, еден информатичар и по еден архитект, новинар, етномузиколог, ветеринар, биолог, земјоделски инженер, хемичар, историчар на уметност, технолог, социјален работник и еден психолог.